09 јулСо велосипед низ источна Македонија

Едно од оние нешта кои ќе ги паметам целиот мој живот. Незаборавно искуство кое ја оплемени мојата душа. На некои места во мојата земја поминав за прв пат, имав можност од рани утра до вечер да среќавам и да комуницирам со тамошното население, оној обичен човек кој знае да живее скромен живот, да ја почувствувам нивната специфична добротија, срдечност и да разменам размислувања, искуства, но и да научам работи кои не сум ги знаел за тие предели, за нивната традиција, за нивниот живот, обичаи … Поминав низ многу природа, поминав и преку 300 км асфалт.

Но, ајде од почеток.

Држејќи се строго за планот во 100% успеав да ја реализирам сопствената идеја, која ја нареков „тура број 8“ поради лични причини.

Photobucket

Тргнавме двајца, од кој сопатникот беше блогер.

Photobucket

Од самиот старт угорнините од Куманово до Страцин, доволно изморија за да доручекот на Страцин биди еден од најслатките во последно време. Спуштајќи се од највисоката точка (Страцин) до Кратово, наидовме на „Камените кули“ кои во тој крај се најголемата туристичка атракција.

Photobucket

За ова место има доста фотографии на нет, па се добива чувство како да си бил претходно. Во секој случај едно убаво место кое не смее да се пропушти доколку патот ве донеси кон Кратово. За „Куклите“ има доста пишувано на нет.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Нормално не сакав да влезам во кругот на секојдневието и да размислувам, зошто на тоа место нема чувар, зошто не е издигнато на едно повисоко ниво како туристичка атракција, за што служи асфалтниот пат кога мостот до куклите е срушен и сл …

Photobucket

па така со велосипеди на рамо се снајдовме.

По пат сфатив дека боновите во Ѕинговото Кратово не се веќе во употреба и дека тој крај дефинитивно е еден од најсиромашните кои лично јас сум ги посетил. Ниту земјоделие има, ниту некое сточарство, со страшна миграција во поголемите градови и странство.

Дури и пругата која требало да се гради, па и села некои крстени по неа, сликовито …

Photobucket

Преку Пробиштипските угорнини и Злетово до Лесново и оној прекрасен манастир кој се наоѓа таму високо во облаците. Вечно осветлен од сончевите зраци и уште еден пример за идеална местоположба на еден верски објект. Манастир во кој живеат монаси и кој грижливо го оддржуваат тоа место да изгледа така убаво. Карактеристичен е иконостасот чиј автор е Петре Филипов – Гарката, оној истиот кој работел и на иконостасот во Св.Јован Бигорски.

Photobucket

Photobucket

А Лесново пак, од едно зафрлено место таму горе во ридот над Злетово, полека но сигурно почнува да ја развива успешната приказна за македонскиот селски туризам. Кој друг ако не Швајцарците помогнале со 1/4 милион евра и благодарение на еден ентузијаст (Зоран), жител на селото, почнаа да размислуваат како би можеле да живеат од селски туризам, и по мое видување, одлично им оди.  Училишната зграда ја оспособиле за сместување, направиле и мало музејче, спортски терени, интересно кафанче, традиционална храна … Едноставно убаво.

Во минатото Лесново било прочуено по мелничките камења, а пребарувајќи наидов на интересна статија во Дневник

Photobucket

Photobucket

Над Пробиштип

Од Лесново со спуст до Крупиште, преку оризовите полиња и правиот пат до градот со најинтересно обоените мостови и после него Виница каде што на 15 километри кон Берово има прекрасен рибник. На Каролина (мојата најнеомилена водителка од МРТВ) за малку што не и` реков дека специјално идам од Битола со точак за „Иселеничкиот џубокс“ кој во тоа време се снимаше.

Photobucket

Свежата пастрмка даде сили да се издржи во искачувањето на исклучително тешиот превој „Обозна“

Photobucket

А Берово со една од најубавите web страници на интернет, прегледно можеш да си одбериш место за сместување. Уникатно место кое ми остави силен впечаток. Можеби свежината на воздухот, можеби срдечноста на луѓето … којзнае, па би сакал повторно да одам , но со друго превозно средство :)

Photobucket

Шопската, јас би ја нарекол „Беровска“ веројатно е уникатна салата во нашата земја.

Photobucket

Дури имаат и џиновски палачинки преполни со банани и чоколадо. И сето тоа за некои симболични цени.

Photobucket

Беровското езеро. Не помислувајте да одите пеш бидејќи е далеку 7-8 км. Јас на одење се „зезнав“ па после ми дојде умот :)

Ова место е посебно. Викендички има од Берово до самото езеро, дури има и една посебна населба во близина. Штета е што државните објекти кои служеле како одморачишта веќе се руинирани, спортските играчишта се уништуваат. Можеби лајт мотив е грандиозната градба на  туристичката агенција „Аурора“ која веројатно ќе го потегне тој тип на туризам во Берово уште повеќе. Како спортист би рекол дека тоа место нуди идеални можности за кондициони припреми за професионалните спортисти. Видиковец тешко се наоѓа преку боровите и можеби тоа е една мана која властите треба да ја поправат.

Третиот ден, со угорнини од Берово се дочекаа Малешевските планини и Огражден. Не би спомнал ништо посебно за тие места, туку само дека таму воздухот мириса на чај.

Photobucket

Угорнини доволно напорни за да посакаш да се качиш на автобус, но и доволно убави по искачувањето на превојот каде што следуваше долга, повеќе од 20 км надолнина.

Photobucket

И така слегувајќи од Огражден погледот го примами прекрасниот манастир „“

Photobucket

Преку Струмица, до Валандово, каде што во ресторан порција омлет со сирење, домат и швепс (синалко) наплаќаат 370 денари, за да после негодувањето ја спуштат цената до 170 денари, благиот бостан по пат, и Миравци местото кое што излегува на пругата Скопје – Гевгелија, кое беше и последната дестинација за дома.

Photobucket

Доколку сака некој да ја повтори турата, може да се искомбинира со Радовиш (планински велосипедизам). Во принцип напорна тура, со непосакуван распоред на земјиштето (угорнини-удолнини). Бара исклучителна подготвеност и внимателност на некои делнци (Куманово – Кр. Паланка, Струмица – Валандово).

И.М.

19 Responses to “Со велосипед низ источна Македонија”

  1. sawyer вели:

    Добар патепис!

    „Од Лесново со спуст до Крупиште, преку оризовите полиња и правиот пат до градот со најинтересно обоените мостови“ – ме интересира, овде мислиш на Кочани, нели?

  2. sawyer вели:

    Јас сум од Кочани, затоа прашувам. :) Не ме чуди што мостовите ти паднале во очи, интересна виолетова комбинација имаат. Инаку, во Кочани не си се задржал многу изгледа…

  3. lostseries вели:

    Уф, како ли сте го издржале патов? Сигурно сте правеле паузи со преноќување во одредени градови, нели? :) Јас мислам дека би „цркнал“ на пола пат. Поготово ако ми се расипе дел од точакот, тогаш веднаш би ме фатила агонија, и би умрел од страв. Хаха, си направив филмчиња јас!

    Браво авантуристи, што да кажам друго! =))

    П.С. Мислам дека го познавам лично другиот блогер, ама гледам дека си го замачкал, па ајде да не откривам. :P

  4. milevski вели:

    bravo. pozdrav

  5. molika вели:

    Епа не многу. Но, доволно.

  6. molika вели:

    Лост биди мирен :) Инаку не беше лесно, признавам.

  7. batadjango вели:

    Kazi ribnikot Zletovica?
    Samo si trebal krapce da probas a ne pastrmce! ;)

  8. django вели:

    Молика,
    можам само да кажам дека си вистинско освежување овде

    еве ти друг предлог, пат кој го имам одено со џип, а се наоѓа во твој крај, додуша асфалт има чат пат..ама убав земјен пат и на едно парче, калдрма од via ignatia(кај витолиште)

    значи, се поминуваат битолско, прилепско и кавадаречко мариово

    битола, новаци, маково, орле, чаниште( ќе видиш прекрасен кањон на црна), бешиште, полчиште, витолиште(тука е највисокото-врвот трибор)..и од тука РЕЗ пред малку беше пустина, а од тука борова шума и влегуваш во кавадаречко мариово…идеме понатака…рожден (блиску е рудникот алшар), мрежичко, место викано-мушов гроб, висорамнина витачево, горно дисан…и батко доаѓаш о неготино…жел. станица дуброво

    ако сакаш, претходно од рожден можеш да свртиш накај ваташа, кавадарци..тука е асфалт и пократка тура

  9. django вели:

    ј.бал вас и дарвин и партија
    глејте молика шо убавини открил у својата авантура
    гарант дека 95 % од патриотскиве блогеришта не мрднале од пред зграда, а камоли македонија да ја запознаат

  10. molika вели:

    Џанго

    1. Слушнав на ТВ за таа тура со џиповите и импресивно делува иако сум поминал дел во повеќе наврати
    2. За навистина да ја сакаш Македонија, прво треба да ја знаеш, да ја спознаеш
    3. Голем дел од патриотите (секоја чест на исклучоците), поради бедниот интерес не се во состојба да размислуваат трезвено.
    4. Оној североисточен дел, и источен дел на Р.Македонија е далеку позапоставен од оној на другата страна (северозападниот и западниот). Овие луѓе тука се мирни, чесни и лојални кон својата држава иако таа грбот им го свртила којзнае колку долго време.
    5. Изускувањето на исклучителен физички напор и соодветна велосипедска кондиција ја прави турата уште повредна и позапамтлива за мене.
    6.Ако некој сака маичка како мојата, нека се јави :)

  11. django вели:

    молика,
    оваа тура што ти ја предложив е исклучително тешка за со велосипед, иако е пократка од твојата
    ама..се преспива веројатно..по некои плевни во селата од мариово, ноќ или две

    инаку, источниот дел од македонија е исто фасцинантен како и западниот

    дијаметрално се разликуваат…на исток се стари планини..заоблени, питоми..еве и некој кој не е авантурист како тебе, со кола нека го помине, на убаво време, патот…свети николе-куманово

    а, југот, мариово, е приказна за себе…пустина прекрасна

    толку различни пејсажи на толку мал простор-македонија

  12. molika вели:

    Искрено и јас се чудам како можи на толку мал простор да има толкава разноликост. Посебно задоволство е да ја шеташ. Прекрасна земја.

  13. django вели:

    ама пази…тоа освен естетска и емотивна вредност (за нас) има и комерцијална

    ама како да им текне на invest in macedonia?…они само фабричиња мислат дека треба и да се ашкаат по светот

    чиста пара вреди оваа разноликост на толку мал простор и тоа исклучиво како услужна дејност, без девастирање на природата

    на времето имам зборено со филмаџии…ама оние кои организираат снимање

    МК е измислена за авантуристичко акциони сцени…на мал простор…пустина, планински гудури,кањони, езера, прекрасни висорамнини…пари за логистика 30 пати помали отколку да снимаш во УСА да кажеме

    е сега, во буџетот на еден филм 50-60 проценти се пари за логистика..рестото хонорари

    просечен холивудски Б-категорник(не одиме на А) е од 50 до 80 милони долари

    треба само да се тепаме шо поише сцени да снимат кај нас…а може да се размислува и за урбаните места

    колку овде некој да не помисли дека фантазирам, имам податок дека за снимање на peacemaker (dreamworks) 1996 година во МК влегоа 5 милиони долари од буџет кој бил 80

    снимани биле акциони сцени во мариово, глобочица, битола, рек рудникот, галичник

  14. django вели:

    и сите тие места на снимање на сат до два вожња

  15. molika вели:

    Умно е тоа и има логика. Јас знам дека во Битола по снимањето на турската серија и по бенефитот кој го осети градот, властите итоа како потегнаа за проектот филмски град.

  16. stefus-refus вели:

    Ma заеби тоа се е до глумата и приказната…

    Deep Throat
    Budget $22,500+$25,000 for music
    Gross revenue $600,000,000

  17. волан вели:

    Прекрасен начин како да се доживее дел од Македонија, особено ми се допадна делот каде велите дека воѕдухот Ви мирисал на чај …

  18. molika вели:

    Навистина и така беше Волан.Тоа беше најголемото задоволство и единственото нешто кое не му даде важност на стрмнините и големиот физички напор. Малешевијата е посебно доживување.

Place your comment

Please fill your data and comment below.
Name
Email
Website
Your comment