Вечерва, актерската група „Солзи и смеа“ успеаа да ја преполни големата сала на Домот на културата во Битола. Тоа не беше „премиерната“ битолска публика, ниту пак публиката која често ги посетва театарските претстави. Тоа не беа ни луѓе кои имаат „муфте“ карти добиени преку синдикатите на неколкуте останати живи фирми во градов. Во главно, тоа беа млади луѓе, нови личности кои му се потребни на театарот. Тие дошле да ги гледаат своите фанови, живеејќи со нивниот хумор најмногу преку – интернетот.
Шоуто „Златна бубашваба“ кое го презентираа „Солзи и смеа“ беше карикирање на „Златна бубамара“, а сето тоа убаво спакувано и обвиткано со многу инвентивност и креативност во режисерскиот, а посебно во актерскиот дел.
Во овие тешки времиња за културата, овој пример со оваа група, начинот како успеваат да ја продадат својата креативност и добро да се менаџираат, треба да послужи како лекција на другите слични актерски групи во Р.Македонија. Тие фнкционираат веќе 10 години и се вистински феномен, станвајќи се популарни со што полека но сигурно ги надминуваат локалните рамки.
Кризата пак со која се соочува професионалната театарска група во Битола, една од најуспешните актерски грпи на Балканот, е доста комплексно прашање. Но, евидентно е дека меѓу другото, одговорните ќе мораат да ги вратат комедиите на репертоарот, доколку сакаат полни сали. Тоа е факт.




… една голема гушкаааааааааааа
))) …
) …
))) …
… што се однесува до претставите во Македонија … дефинитивно потребно е ново чуство за осет …
… овија постарите генерации … наместо да израснат во мајстори … ( ќе оставам на три точки оти неќу да ги омаловажувам
… и нормално вината ќе ја префрлат на граѓаните и ќе ги прикажат за неедуцирани … а тие совршените незнаат што говорат на сцена …
… можи еден ден ќе се свестат
… добар сон да си имаме …
Гоца не ти е лоша желбата за сон, вечерва ќе да ја претерав/ме
Дечките се снаоѓаат, а публиката ги обожава. Тоа е тоа.
Феноменот „Солза и смеа“. Ова феномен е многу силен збор. Навистина секоја им чест на Солза и смеа. Успеаја да опстојат на театарската сцена повеќе од 10 години и да полнат сали. Браво за тоа што се креативни и инвентивни за да можат да привлечат публика.
Меѓутоа, да не ги правиме ФЕНОМЕНИ. Без да коментирам многу поради тоа што не сум ја гледала последанта претстава ќе кажам само нешто: од секогаш било јасно: ако сакаш да привлечиш луѓе дај му на народот да гледа тоа што сака! Зошто Шехерзад има толку голема популарност? Зошто успеа да ги допре најшироките народни маси. Велам ШИРОКИ НАРОДНИ МАСИ.
Не велам дека е лесна работа да се привлечат тие широки народни маси да дојдат да гледаат претстава, било каква. Па уште да платат карта. Но сигурно е многу полесно да пренесеш порака што сите сакаат да ја слушнат, одошто да носиш иновативност и авангарда како што сакаат да направат најголемиот број театри во Македонија и светот.
Значи со креаирање на репертоар кој се состои од комедии, со многу навредливост (пред се за ромската популација) е иновативно во привлекување на публика, но не и во креирање на критичко јавно мислење. Не е инвентивно во создавање на издржлива културна политика која ќе создава нови идеи и прогрес!
Те молам не ме цензурирај.
Хм, немам причина да цензурирам, овој блог е отворен за различни размислувања. Многу е скокотливо да зборуваме што е авангарда, а што не е. На штосот -авангарда се шлепувале многу неубави нешта кои не вредат ни да се споменат, а никој немал храброст да рече дека тоа не чини бидејќи било декларирано како авангардно дело.
Денес, авангарда е во Р.Македонија да се занимаваш со уметност и да опстојуваш, да преживееш.
Да смееш толпа луѓе, сат и пол, без текст на некој светско познат комедиограф, барем за мене е исклучително тешка работа. Дечките успеваат, и одлично им оди. Посебно ја потенцирам нивната умешност да се продадат. Народот ги сака. Тие се во состојба да пренесат информации кои можат да бидат многу поавангардни за самото општество отколку што тоа можи да биди политичкиот систем.
Заборавив да напоменам дека веќе чувстввам идентитет кај ликовите. Тоа е почеток на нешто многу убаво во нивната работа. Со работа, ќе станат и подобри и повешти и поснаодливи, а креативноста нема лимит, таа бара само работа. Со ниту еден не се познавам од групата, немам причина да ги фалам,но тоа што е добро е добро на мое лично задоволство и претпоставвам на задоволство на битолската театарска сцена.
одлично!
ги имам гледано неколку пати на нет и мислам дека се по мој вкус… онака без цензури со сите нишани
јас бев член на ” Солза и Смеа ” и тоа не помалку туку три години, каде направивме околу 3или 4 претстави…
многу ми е жално што се идентификуваш со овие т. н. ” дела ” или ти како што милуваш шоуа…
тоа прво НЕ е ТЕАТАР!
тоа е најблиску до скеч!(ај така да го наречеме)
дечко, на народот им се продава ” Златна Бубашваба 5 ” еј 5!
со ист концепт со ист начин на работа!
тоа не е аматерска туку дилетантска група
аматер е човек кој се занимава со нешто од љубов а не за материјални добивки, нејсе…
” Солза и Смеа ” како за мала едукација е првата театарска група која на сцената говорела на македонски јазик
тоа била театарската група на В. Чернодрински која се нарекувала ” Скрб и утеха ” по завршувањето на претставата актерите биле претепани… ради тоа што го направиле… тие го дале животот за тоа!!!
ова не е гордост за Битола ова е срам!
како за сите работи што се изгуби критериум и вредност така и за театар!
кај нас театарот е во пропаст…
ама ова шшто го прават децата е грозно
нормално дека луѓето сакаат тоа да го гледаат
ама
ако во музиката постои еден АЦА ЛУКАС на сцената постојат ” Солза и Смеа ”
со ” глуметарање ” на луѓе ментален инвалидитет ви ги земаат тие 100 денари да се смеете на ефтини глупости
тоа се ефтини страсти бре луѓе…
страшно е!
на времето СОЛЗА И СМЕА поставуваше драмски текстови од ЧЕХОВ, ГОРАН СТЕФАНОВСКИ; ДЕЈАН ДУКОВСКИ; ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ… младите луѓе се едуцираа и се бараа себеси низ тие претстави… а сега се смеете на ШО МУ Е НА КЕЛНЕРИТЕ БЕ БРАТ????
што е ова кажи ми што на еден човек ќе му помогне???? ќе му реши???
ќе му наговести?????
ефтини гегови!!!!
турбо фолкот мели!!!!!топи!!! прави маса!!!
воопшто не суп против комедијата напротив!!!
ама постои ” паметна ” комедија и комедија за простата раја!!!
Извинете ако го навредам членот од погоре, ама кога веќе спомена дека бил член на Солза и смеа значи дека и тој работел Златни бубашваби и тој му ги земал тие 100 денари на луѓето и му било прекрасно. Сигурно не си замина од Солза и смеа ради уметноста… а помалку ради зачестеноста на Бубашвабите… а уште помалку дека како аматер земаше пари…или земаше НЕДОВОЛНО пари па затоа си ојде… Тоа е тоа, ние Битолчаните сме РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ЛАЈ!
Да не видиме на некој да му тргни, или да постигни нешо шо ние не го можиме.
Само да се надополнам под проста раја ги сметаш и професорите и судиите што идат на претстави или оние кои излегват од дома и не седат во 4 ѕида и читат книги за да ја разберат уметноста и паметната комедија.