Тргнувајќи од фактот дека многу малку имаме податоци околу новите медиуми, решив малку да ја „расчешлам“ македонската музика и да видам кои песни се најгледани на најпопуларната страна во Македонија за музика и видеа - „www.youtube.com”.
Пред да направам анализа имав одредени свои претпоставки кои во голем дел не се вклопија со бројките кои ги дава you tube.
Оставам простор и за евентуална грешка, бидејќи не е баш едноставно да се постави точна бројка на вкупен број на гледани видеа, со оглед на можноста повеќе корисници да ставаат иста песна како и некои песни кои ги пеат други пеачи.
Пребарував латинично и кирилично, а забавната македонска музика ја поделив во три периоди: 1945-1979, 1980-1999, 2000-2010, и Тоше Проески.
Дојдов до следниве податоци:
|
Тоше Проески |
|||
|
Ранг |
Песна |
Најгледано видео |
Вкупно повеќе од: |
|
1 |
Зајди зајди јасно сонце(народна песна) | 3.500.000 | 3.920.000 |
|
2 |
Волим осмех твој (А.Шола) | 2.050.000 | 2.250.000 |
|
3 |
Пратим те (По тебе) | 1.820.000 | 3.170.000 |
|
4 |
Боже браније од зла(Боже чувај ја од зло) | 1.740.000 | 2.900.000 |
|
5 |
Чија си | 1.400.000 | 3.700.000 |
|
6 |
Једина (Громови на дша) | 1.195.000 | 2.600.000 |
|
7 |
Игри без граници (Игра без граница) | 1.160.000 | 5.100.000 |
|
8 |
Јовано Јованке(народна песна) со Биља Крстиќ | 920.000 | 1.080.000 |
|
9 |
Hardest thing | 850.000 | 2.540.000 |
|
10 |
Moja (Среќна ли си ти, Сречна ли си ти) | 702.000 | 1.650.000 |
|
11 |
Мој дилбере | 700.000 | 900.000 |
|
12 |
Срце није камен | 650.000 | 1.710.000 |
|
13 |
Ариа (Џанини) | 510.000 | 1.450.000 |
Од оваа табела јасно се гледа дека народната ЗАЈДИ ЗАЈДИ ЈАСНО СОНЦЕ е најпопуларна песна која е испеана на македонски јазик. Само едно видео од препевот на Тоше е над 3.500.000, со што доколку се додадат и други изведвачи кои ја интерпретирале оваа песна, бројот надминува над 4.000.000 што е далеку над второ најпопларната македонска песна на youtube.
Песната „Игри без граници“ пак е најпопуларна забавна песна која е испеана на македонски јазик, со над 2.500.000 посети, а воедно и најслушана песна од некој македонски пеач препеана на неколку јазици, која вкупна бројка надминува над 5.100.000 посети.
|
Период 2000-2010, забавна музика |
||||
|
Ранг |
Изведувач | Песна | Најгледановидео | Вкупноповеќе од: |
|
1 |
Елвир Мекиќ(со Слаџа Делибашиќ)* | 5 минута | 1.265.000 | 1.320.000 |
|
2 |
Слаткаристика | Шопинг | 740.000 | 800.000 |
|
3 |
Врчак (со Fanky G)* | Вештица из Србије | 686.000 | 785.000 |
|
4 |
Елена Ристевска | Нинанајна | 477.000 | 770.000 |
|
5 |
DNK и Врчак | Навлечен на тебе | 455.000 | 650.000 |
|
6 |
Тони Зен, Ламбе Арнаудов, Јован Јованов | Итно ми требаш | 445.000 | 645.000 |
|
7 |
Каролина Гочева | Крај | 352.000 | 750.000 |
|
8 |
Елена Ристевска | Милионер | 350.000 | 550.000 |
|
9 |
Врчак и Тамара Тодевска | Лоша девојка | 340.000 | 350.000 |
|
10 |
Слаткаристика | Ти си топ | 338.000 | 380.000 |
|
11 |
Тони Зен | Скандал | 301.000 | 600.000 |
|
12 |
Каролина | Мојот свет | 300.000 | 650.000 |
|
13 |
Елвир Мекиќ и Маја Саздановска | Опасно | 299.000 | 300.000 |
|
14 |
Елвир Мекиќ и Гоце Арнаудов | Лично твој | 299.000 | 320.000 |
|
15 |
Ламбе Алабаковски | Врати ми го срцето | 295.000 | 460.000 |
|
16 |
Елвир Мекиќ | Некаде после два | 280.000 | 650.000 |
|
17 |
Елвир Мекиќ | Уште те има | 265.000 | 270.000 |
|
18 |
Тони Зен | Mi casa es su casa | 257.000 | 440.000 |
|
19 |
Влатко Лозановски | Сонце не ме грее | 250.000 | 350.000 |
|
20 |
Калиопи** | Роџени (Бато) | 248.000 | 560.000 |
|
21 |
ДНК и Врчак | Пази се од мене | 247.000 | 650.000 |
|
22 |
Слаткаристика | Жолта штампа | 240.000 | 280.000 |
Во наведениот период, испаѓа дека Елвир Мекиќ е најпопуларен македонски пеач, но тоа се должи благодарение на соработката со Делибашиќ, која во просек има поголема попларност од оваа бројка која стои на песната „5 минута“.
Изненаден сум од попларноста на Слаткаристика кoj дури со две песни е во топ 10. Доста интересен е и фактот што стилот кој го негваат :Слаткаристика, Тони Зен, Врчак и DNK, веројатно е најпопларниот стил на македонската поп сцена.
|
Период 1980-1999, забавна музика |
||||
|
Ранг |
Изведувач | Песна | Најгледановидео | Вкупноповеќе од: |
|
1 |
Калиопи* | Роџени (Бато) | 248.000 | 560.000 |
|
2 |
Конкорд | Високи штикли и црни чорапи | 198.000 | 300.000 |
|
3 |
Студени нозе | Кучето мое | 125.000 | 155.000 |
|
4 |
Владо Јаневски | Некоја будала | 85.000 | 100.000 |
|
5 |
Архангел | Милион долари | 80.000 | 90.000 |
|
6 |
Лева патика | Неправда | 80.000 | 100.000 |
|
7 |
Владо Јаневски | Чаирска романтика | 73.000 | 76.000 |
|
8 |
Владо Јаневски | Нусе | 66.000 | 90.000 |
|
9 |
Владо Јаневски | Црно тиквешко | 63.000 | 100.000 |
|
10 |
Владо Јаневски | Не зори зоро | 60.000 | 75.000 |
|
11 |
Маријана и Росана | Признавам | 60.000 | 88.000 |
|
12 |
Хелена Благне*** | Кога те нема | 52.000 | 57.000 |
|
13 |
Куку леле | Кучка | 50.000 | 70.000 |
|
14 |
Студени нозе | Ружна женска | 50.000 | 55.000 |
|
15 |
Нулта позитив | Мара | 48.000 | 58.000 |
|
16 |
Меморија | Оган под ѕвездите | 47.000 | 63.000 |
|
17 |
Студени нозе | 50 марки | 46.000 | 68.000 |
|
18 |
Мики Јовановски – Џафер | Сонце за три светови | 43.000 | 83.000 |
|
19 |
Јаков Дренковски | Скитник | 39.000 | 75.000 |
|
20 |
Нулта позитив со Мирко Митревски | Отвори го пенџерчето | 38.000 | 40.000 |
Овој период пак е специфичен бидејќи се води како ретро период со оглед на реалната масовност на интернетот во Р.Македонија (после 2005 година). Балканската популарност на Калиопи и песната Роџени е најпосетено видео, но не е испеана на македонски јазик. Рекламата на T-mobile, придонесе „Високи штикли и црни чорапи“ да достигне релативно голема популарност. Изненаден сум од посетеноста на видеата на Студени нозе. Макфестовските песни сеуште немаат постигнато значителна популарност, а таму најпопуларна песна е „Признавам“ на Маријана и Росана.
|
Период 1945-1979, забавна музика |
||||
|
Ранг |
Изведувач | Песна | Најгледановидео | Вкупноповеќе од: |
|
1 |
Зафир Хаџиманов | Како Вардар | 79.000 | 110.000 |
|
2 |
Драган Мијалковски | Кажи нешто драга | 56.000 | 58.000 |
|
3 |
Драган Мијалковски | 223-305 | 53.000 | 54.000 |
|
4 |
Славе Димитров | Чија си | 51.000 | 100.000 |
|
5 |
Верица Ристевска | Мој галебе | 40.000 | 63.000 |
|
6 |
Зафир Хаџиманов | Љуби ме и главата горе | 32.000 | 40.000 |
|
7 |
Зоран Милосавлевиќ | Една роза сина | 21.000 | 22.000 |
|
8 |
Драган Мијалковски | Кажи ми | 20.000 | 25.000 |
|
9 |
Сашка Петковска | Бакни ме | 16.000 | 20.000 |
|
10 |
Верица Ристевска | Штом се сака | 13.000 | 17.000 |
„Чија си“ која беше прогласена за песна на столетието, има релативно мала посетеност, а Хаџиманов и Мијалковски очеквано се најпопуларни од овој перид.
* – песна испеана на друг јазик
** – песна која потекнува од друг период, но најпопларна во периодот во кој е ставена
*** – странски пеач кој пее македонска песна
Се надевам дека овие податоци ќе бидат искористени и во други слични вакви истражувања.
И.М.




Искрено многу ми е интересен начинот на поделба во која Тоше ти е посебна категорија, а после Тоше потоп како што беше на евросонгов Позз
Па факт е дека Тоше постигнал слава која е неспоредливо голема со останатите интерпретатори (барем по бројките од youtube), па немаше друг начин освен така да го издвојам. Сепак, истиот ги испеал песните на повеќе јазици, српски, хрватски, словенски, англиски … наменети за различни пазари, па нормално е и истите песни да имаад далеку поголема посета отколку вообичаено. Македонските верзии на Тоше, сепак се една друга слика.
Лично ми беа интересни овие податоци, чисто ме интересораше која македонска песна е најпопуларна на нет.
Oдличен преглед, браво.
[...] Истражување: Популарноста на македонските песни на you t… [...]
Да си се пофалам самиот. Не е за фрлање и мојот видеоклип на ДНК-Таа тоа го крие, со cca 225.000 погледнувања и слушања.
Поздрав
З
И ајде, можеби е глупо вака, но Зорив ми е еден од оние добри познавачи на македонската музика кој има богата музичка архива, па понекогаш знам да се обратам кај него за помош и еве … користам прилика да му се заблагодарам уште еднаш.
Секоја чест, браво за истражувањето!
Ова е само еден мал чекор, а тргнав од лични побуди чисто да ја задоволам личната љубопитност. Да бидам искрен, сум изненаден од некои податоци, но тоа само ме води напред разбивајќи ште некои предрасди кога се работи за популарност на некој од македонските пеачи. Во секој случај, ова поле е „нежнеано“ и нуди многу можности и креативни истражувања посебно за социолозите.
[...] Mihajlovski published [MKD] an interesting analysis of number of views of Macedonian pop songs on YouTube, sorting them [...]
Интересно… браво за истражувањево
веројатно си потрошил многу време
п.с. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=311101412181&id=48&prilog=0&setIzdanie=21932
Честитки за цитирањето во Нова македонија
Фала. Дигитализацијата треба да биди следна тема за дебата.
http://www.okno.mk/node/5504
Ke si zemam za sloboda da iskomentiram deka nikade ne se spomenuvaat Jane Kodzabashija, i Dragan Djakonovski Shpato
Тоше и Каролина се најквалитетните и најреномираните македонски пејачи
Иако секогаш релевантноста на ваквите истражувања е ограничена со временскиот фактор и факторот актуелноста на медиумот, ова е, колку јас знам, најсодржајното истражување за македонската популарна музика.Како истражувач на севкупните движења во светски и домашни рамки, Ти упатувам честитки за макотрпноста, истрајноста и извонредно завршената работа која може да претставува само основа за подоцнежни дополни и поттик за слични анализи.Браво!